Деветгодишно дете е обвинето за смрт на три деца и двајца возрасни во пожар


Деветгодишно дете е обвинето за смртта на три деца и две возрасни лица во парк за мобилни станбени единици во американската дежава Илиноис.

Полот на детето обвинето за кривични дела не е откриен, како ни идентитетот на жртвите.

На 6 април едногодишно дете, две двегодишни деца, 34-годишен маж и 69-годишна жена загинаа во пожар во парк во близина на селото Гудфилд. Шерифот на округот Вудфорд, Тим Рустаман, изјави дека пожарот бил подметнат.

Според базата на податоци на Асошиејтед Прес, толку мало дете не било обвинето за масовно убиство (ФБИ го дефинира масовното убиство како убиство на четири или повеќе лица без период на „паузирање“ помеѓу убиствата)

“Тоа беше тешка одлука. Сепак, на крајот на денот, станува збор за трагедија со обвинение за многу млада личност за едно од најсериозните злосторства што се случиле. Мислам дека мора во овој момент за да се затвори случајот”, рече окружниот адвокат Вудфорд Грег Минер.

„Предизвик за обвинителите во овој случај ќе биде да докажат дека детето имало намера да изврши убиство“, рече адвокатот Гус Костопулос. “Деветгодишници не знаат дека Дедо Мраз не постои. Тие не знаат дека луѓето умираат и дека тие потоа не се враќаат во живот. Не знам дали деветгодишно дете може да има намера да убие”.

Адвокатите за правата на децата ја критикуваа одлуката да се обвини деветгодишно дете за кривично дело.

Дколку детето биде осудено по сите пет точки на обвинението за убиство, ќе добие условна казна од најмалку пет години. Тоа не треба да трае подолго од 21-та година од неговиот живот. Детето веројатно ќе мора да оди на советување и терапија додека ја издржува казната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1