Милионски суми потрошени за луксузна облека од Луј Витон, Версаче, Гучи, Шанел и Прада но и уметнички слики од Лазар Личеноски, Вангел Ковошач и Мерсад Бербер.
Ова е само дел од наведеното во обвинението за случајот Рекет до кое дојде Канал 5, а според кое обвинетиот Боки 13 ги потрошил парите. Напишано на три страни, во него обвинителството наведува како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец ги договарале средбите со Орце Камчев, како екс шефицата на СЈО Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и ги земале парите. Вo обвинението се потврдува и она што веке беше јавно објавено – дека Јовановски и Кичеец го посетувале Камчев во неговиот дом за да го убедат во влијанието што го имал Јовановски врз Катица Јанева. Oбвинителството притоа наведува дека обвинетата екс обвинителка Kатица Јанева ги пречекорила своите службени овластуивања, со издавање на доверливи податоци од истрагата за Империја, и притоа неведувајќи дека обвинителката во Империја Стефанова ќе работи по нејзин налог. Боки и Кичеец, стои во обвинението, од Камчев ги побарале 8-те милиони евра во замена за негово ослободување од притвор, а ако СЈО со одлука на Врховен не го застапува тој предмет, Јанева ќе му даде својство на заштитен сведок или ја запре постапката против него.
Обвинетата Катица Јанева пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување – доверливи податоци од истрагата им ги соопштувала, особено потенцирајќи дека јавниот обвинител кој постапува по предметот ќе работи по нејзин налог и по ваквите разговори барале 8 милиони евра доколку СЈО со одлука на Врховен суд остане овластен тужител во кривичниот предмет против него, а доколку донесе мислиење дека тоа обвинителство е неовластен тужител да им даде 5 милиони евра за да во истражната постапка обвинетата Јанева му даде својство на заштитен сведок и со наредба ја запре истражната постапка или да склучи со него спогодба за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета, а мерката одземени патни исправи ќе се укине и за тоа веднаш да им даде 1 милион евра.
Еден од аргументите со кои ќе го оспорат обвинението за случајот Рекет, според адвокатите на Јанева е дека таа имала овластување да бара поблага мерка за Орце Камчев како осомничен во Империја.Според нив дејствијата што ги преземала Јанева не се кривично дело бидејќи тоа го предвидува Законот за кривична постапка.Во приговорот на обвинението наведуваат и за незаконитост во истрагата посочувајќи дека се издадени повеќе наредби меѓу кои и за вештачења по завршена истрага. Обвинението го спорат и адвокатите на друдите двајца обвинети – Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Според најавите скопскиот Кривичен суд треба во следните денови да одлучи дали ќе го прифати обвинението и ќе определи датум за судење. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и перење пари, а Милески Кичеец само за примање награда за противзаконито влијание.