Поранешната пратеничка Маринела Тушева, која сега работи во Министерството за одбрана, на нејзиниот фејсбук профил објави видео на кое се гледа како гори еден од двата автомобили, запалени од засега непознати сторители.
Настанот се случил утринава околу 5 часот во штипската населба „Сењак 3“ на улица „Борис Крајгер“, каде возилата биле опожарени така што пироманите прво ги скршиле стаклата од возилата, а потоа во нив фрлиле молотови коктели.
Станува збор за автомобилите на Мите и Никола Тушеви, татко и брат на Тушева, која пак е сопруга на советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ. „На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори. Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш“, напиша Тушева.