Уапсена познатата ријалити ѕвезда: Запознала маж преку интернет, па го киднапирала


Сузи Тејлор (49), австралиската ѕвезда на реални шоуа е обвинета дека заробила 33-годишен маж, кој го запознала преку Тиндер и барала од него пари за да го пушти.

Двојката откако се запознала преку апликацијата, договорила состанок.

Сузи го повикала кај неа дома, а тој дошол, па му барала пари. Тој ја одбил, а во собата влегол друг маж кој го нападнал и затворил против негова волја. Тејлор му се придружила во нападот, а од несреќниот човек барале преку интернет да префрли пари на нивна сметка. Потоа му ги земала парите и картицата, па подигнале паро од банка.

Тејлор и 22-годишниот напаѓач се обвинети за изнуда, присилно одземање на слободата, физички напад и поседување дрога. Приведени се на суд во Бризбејн и одбиено им е барањето за кауција.

Инаку, Тејлор пред неколку години учествуваше во популарното австралиско шоу „The Block” во кое парови ги реновираат своите домови, а потоа ги продаваат на аукција. На крајот на сеозната заработила 350.000 австралиски долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1