Поминаа две години и половина од мандатот на господинот Шилегов и како секој човек кој што доаѓа на нова функција мислам дека треба да му се даде време да се види како ја извршува функцијата и кои се приоритетите во работата, колку е посветен на работењето и колку завршил од ветеното. Ова го кажа Коце Трајановски на прес-конференција.
- Две години јас не сакав да коментирам ништо од работењето на г. Шилегов, за да не бидам сфатен погрешно и да не се даде било каква политичка конотација на коментарите Скопје после пола мандат на Шилегов е град во кој хигиената е на многу ниско ниво, отпадот е расфрлан околу контејнерите, и на мали депонии, гледаме голема негрижа кон зеленилото, воздухот магично не се исчисти како што ветуваа, а градежните проекти на градот скоро и да ги нема, но да тргнеме едно по едно. Градоначалник е комунална функција и со изборот граѓаните на градоначалникот му ја дале градската метла и лопата. А, за висока политика нема место. Хигиената ја коментираат самите граѓани и оценуваат дека Скопје никогаш не бил повалкан и според мене тоа е реална слика иако вработија околу 200 нови вработени. Центарот на градот е како 2 години никој да не пипнал ништо, од генералното чистење па се до уличните кучиња никој повеќе не ги третира. За кучињата според мои информации градот Скопје и КХС плаќаат големи суми пари на граѓаните каснати од кучиња. Се формираше и ново ЈП „Лајка“ кое освен за вработување на партиски и шарени послушници не видовме дека воопшто работи нешто.Програмата „Залови – стерилизирај и врати“ веројатно и не постои. Требаше веднаш да се прошири, модернизира и доопреми „Вардариште“. А, НВО не може да биде решение за вака крупна работа за градот Скопје. Зеленилото е оставено само на себе. Има неколку реконструирани паркови но нема ниеден метар квадратен ново зеленило освен зеленилото кај МОБ кој беше планиран по завршувањето на плоштадот „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“. Бројот на дрвата кои се засадуваат за пролет и есен е сведен на половина, а тие што се насадија на пролет голем број се исушија, а ова лето од негрижа и не полевање. Од информации од теренот во Скопје, а ова лето се имаат исушено повеќе од 1.000 дрвја а за уште толку ќе знаеме дали ќе преживеат дури напролет, вели тој.
Воздухот не се исчисти магично напротив само се покажа голото политиканство на сегашните политичари кои тогаш од позиција на опозиција ветуваа се и сешто само за да дојдат на власт. Не работат мерните станици, овие 2 години во одреден период станавме најзагаден град во светот. Иако грејната сезона само што започна.
- Од ветените 39 мерки против загадувањето за овие 2 години завршена е само една. Катастрофално. Велосипедските патеки веќе две години не се градат, со исклучок на неколку конекторски патеки. Здруженијата за слободен велосипедски сообраќај веќе не ни потсетуваат или бараат каде се велопатеките од планот за Скопје велоград, кој беше направен додека јас бев градоначалник. Напротив беше преставен истиот план само со одложен рок за две години. Нема ниту венци или протести пред градот Скопје за прегазени велосипедисти. Кога заминав од позицијата градоначалник оставив проектна документација за повеќе од 10 градежни проекти, кои дел беа во фаза на проектирање, а дел беа комплетно готови. Како готови би ги споменал булевар „Босна и Херцеговина“ и булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, има и други. Исто така оставив 5 сообраќајници кои беа во тек на градба и изградени 80 до 90% како што е случајот со бул. „Србија“, бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ втор дел. На градежен план во Скопје во последните две години скоро ништо и да не се работеше. Имаше реконструкција на неколку булевари која беше претставена како врвно градежно достигнување иако на истите тие булевари не ни беа сменети ниту рабниците. А, всушност е само гребење и асфалтирање. Сметам дека ова се направи после изгубените претседателски избори во Скопје и во пресрет на следните парламентарни избори. Од големите градежни ветувања како голем ринг околу Скопје со булеварите „Црногорска“, „Словенечка“, „Хрватска“ нема ни трага ни глас. Анализирајќи ја изборната програмата на г. Шилегов ќе видиме дека беа ветени повеќе од 50 проекти, а од нив ниту еден не е завршен. Тоа јасно зборува за неработењето и неспособноста на градската власт, додава Коце.
Има уште многу теми но за тоа другпат.
Затоа сметам дека овие две години се изгубени години за градот Скопје.
Најавуваат нови проекти но сметам дека тоа е во функција на предизборната кампања со цел да ја поправат лошата слика и да добијат повеќе гласови.