Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денеска ги избегна новинарите бидејќи немал време да одговара за загадувањето на воздухот.
- „Повикувам на трпение, ова е комплексен проблем. Сите ресурси се насочени кон спречување на загадувачите, особено недозволеното палење ба огновите. Работиме и на проверка на дозволите за фабриките. Знаете дека гасификацијата е долгорочна мерка на која работиме и со која ќе се намали загадувањето“, рече Нуредини.
ВИДЕО: А1.он