За 6 месеци, се ставаат на располагање два хеликоптера опремени за медицинска прва помош за пребарување и спасување. Тоа за граѓаните значи дека за 15 минути ќе добијат помош, каде и да има потреба. Ова го напиша премиерот Заев на фејсбук.
- Двата хеликоптера и хелиодромите, по истекот на договорот во рок од 8 години, остануваат во сопственост на Република Северна Македонија, напиша тој.