Тежок живот на малиот Дејан – мајкаму го оставила живее во трошна куќа а има само една желба


Заборавени од сите, преживуваат од скромните примања и се грижат за најмалиот член од семејството, 11-годишниот внук Дејан кој е напуштен од својата мајка. Семејството Зориќ од селото Доњи Агиќи, во општината Нови Град во Босна и Херцеговина, живее во трошна куќа на која секојдневно ѝ се заканува рушење.

Животот со сопругот, синот и внукот Дејан во една просторија, без купатило, е мачен и тежок, вели бабата Стана Зориќ, пренсува БН.

Внукот Дејан е единствената радост за семејството. Тој својата мајка ја видел само 2 пати, откако пред 4 години го оставила и со себе ја земала помалата негова сестра, која многу му недостасува. Иако ја молел мајка му да се врати, неговите солзи не го омекнале нејзиното тврдо срце.

Секој ден тој препешачува и по десет километри од дома до училиште, иако нема услови за учење како неговите врсници, сепак на училиште постигнува добар успех и е талентиран спортист.

Тој за медиумите вели дека има само две желби – да се вратат мајка му и сестра му и да има нормален дом.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1