Маж починал откако бил погоден од куршум додека бил на лов, информира МВР.
Вчера во 10:43 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на планината Кожуф имало повредено лице при лов. Полициски службеници излегле на местото на настанот, на место викано „Мала рупа“ и констатирале дека 31-годишниот М.Т. од село Богородица бил погоден од куршум од 52-годишниот Б.Ѓ. од Гевгелија и починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија. Б.Ѓ. бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.