Според српските медиуми , две лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Нови сад кај клучката кај Инѓија.
Во несреќата се повредени три деца. Во несреќата се судриле авотмобил и камион и настрадале патниците во автомобилот со австриски регистерски таблички.
Загинале дедо и баба чии внуки биле во возилото со нив во моментот на несреќата.
Tornado kod Inđije pic.twitter.com/ItNXL8ArMX
— m_macak (@mmacak2) November 4, 2019
Според првичните информации, станува збор за близначки на возраст од 10 години и девојче на двегодишна возраст, кои се повредени , а една од нив е во критична состојба.
„Една од близначките е сериозно повредена и е на интензивна нега. Најмалото дете е задржано на прегледи, но нема сериозни повреди “, изјавиле од Брза помош за српски Телеграф.
Според неофицијалните информации, тие биле во стоп лентата на автопатот, а кога сакале да се вклучат во сообраќај, биле удрени од камион.
Се верува дека сообраќајната несреќа е предизвикана од силен ветер сличен на торнадо што го погодил Инѓија и околината.
Несреќата се случила во правец кон Белград.