Седницата за избор на нов потпретседател на Собранието


Претседателот на Собранието Талат Џафери, 116. седница на која на дневен ред е предлогот за избор на потпретседател на законодавниот дом ја закажа за денес.

Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен пратеник, е предложен да биде нов потпретседател на законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Групата пратеници ова барање вчера го доставиле до претседателот на Собранието.

Претходно, Рамчиловиќ на 1 ноември го известил претседателот на Собранието Џафери дека ја напушта Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и оти ќе функционира како независен пратеник.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1