И покрај тоа што грејната сезона е почната веќе три недели наназад, скопјани се соочуваат со ладни радијатори, особено во вечерните часови. Иако времето е топло, голем дел од нив се жалат дека во домовите им е студено.
„Испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите пропишана од Регулаторната Комисија за Енергетика. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците“, објаснуваат од БЕГ.
Имено, според овие правила, топлинската енергија се испорачува до крајните потрошувачи согласно измерените надворешни температури, во различни периоди во денот, а мерењето се врши секојдневно согласно наведените температурни параметри во мрежните правила.
И од РКЕ велат дека компанијата ги почитува правилата.
А за утеха, ова ќе придонесе за намалување на сметките за парно, но дури од наредната грејна сезона.
„Тоа ќе значи дека сметките на граѓаните за парно ќе се намалат за наредната грејна сезона за 2020 година“, вели Бислимовски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.
Повеќе на – Фактор.мк