Кипар денеска го започна процесот на одземање на кипарското државјанство на 26 лица кои го добиле во рамките на шемата „инвестициски пасош“.
– Владата одлучи да го започне процесот за конфискација на кипарското државјанство на 26 лица – изјави министерот за внатрешни работи Константинос Петридис.
Тој не ја откри националноста или идентитетот на засегнатите лица или зошто е почнат процесот.
Ројтерс објави минатиот месец дека богатите роднини и сојузниците на Камбоџанскиот премиер Хун Сен добиле кипарски пасоши според истата шема, што тој негирал.
Не е познато дали меѓу 26- одземени пасоши се и оние на роднините на избеганиот премиер на Камбоџа.