Внимавајте: Со чаеви лекувал Словенка од рак, ѝ зел 22.000 евра, а таа починала


Со месеци се чека почеток на судењето на 61-годишниот Фрањо Келеминовиќ, хрватски надрилекар, бидејќи словенечкиот суд има проблеми со добивање документи од Украина.

Според обвинителството од Нова Горица, Келеминовиќ е обвинет дека повеќе од 10 години непријавено и незаконски вршел медицинска пракса на подрачјето на Словенија. Во обвинението се наведува дека на сега починатата Ава Џурк, директорка на основно училиште, ѝ наплатил 22.000 евра за лекување со чаеви и билки.

„За големи пари ѝ продаваше обични чаеви и билни мешавини од нашите аптеки. Рече дека се работи за многу ретки и многу тешко достапни лековити билки“, рекол извор близок до истрагата, пишува „Словенске новине“

Келеминовиќ на јавноста ѝ е познат по лекувањето на тумор на поранешниот словенечки претседател Јанез Дрновшек, а се фалел дека им помогнал на Борис Елцин, Кастро, познати спортисти и 17 кардинали од Ватикан.

Токму поради тоа 25-годишната Ава Цурк, која боледувала од рак на желудникот, во 2013 година побарала помош од него. Тогаш онколозите ѝ советувале да прими хемотерапија бидејќи туморот метастазирал, но истовремено ја предупредиле дека шансата да преживее ѝ е многу мала.

Келеминовиќ ја уверувал дека тој може да ѝ помогне и дека таа со негова терапија ќе оздрави. Ѝ препишал строга диета, чаеви, сода бикарбона и клистири. Нејзиното семејство тогаш му платило на Келеминовиќ 12.500 евра за овој третман.

Една недела пред нејзината смрт, ја советувал Ава на уште една терапија. Но, зошто повеќе немала пари, подигнала кредит и му платила уште 10 илјади евра, по што ѝ дал лекови. Починала неколку дена подоцна. Судењето е во застој бидејќи се чека потврда од украниски факултет дали Келеминовиќ навистина дипломирал таму, со оглед дека доставил само фотокопија од дипломата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1