Макрон: Македонија не доби датум заради Албанија


По француското вето за Македонија на октомврискиотСсамит, Макрон за ,,Економист” најавува подготвеност земјава да добие датум за преговори уште на самитот во март, но под услов и Унијата и Македонија да испорачаат реформи.

Макрон подготвен да ја крене рампата за преговори со Македонија и Албанија уште во следните месеци. Но, под услов реформи да спроведат и двете земји кандидати, но и Европската Унија дотогаш да ја изготви новата методологија за проширување. Ако се суди според зборовите на францускиот претседател во интервјуто за „Економист“ Македонија може да се надева на почеток на преговори уште на Самитот во март.

„Да се реформираат процедурите за пристапување пред да се отворат преговорите. Доколку направиме реформи во следните неколку месеци, подготвен сум да се отворат преговори. Доколку и тие (земји, н.з.) направат дополнителни напори кои им преостануваат. Но, потоа не сакам никој повеќе да влегува во членство додека не ја реформираме ЕУ. Мислам дека тоа е предуслов, неопходен и искрен“, вели Макрон за Економист.

Во интервјуто кое го пренесува Дојче Веле на македонски јазик Макрон се навраќа и на октомврискиот самит и објаснува како се одвивала дебатата. Шефот на француската држава тврди дека најголем дел од лидерите биле за отворање преговори со Македонија, но речиси половината биле против преговори со Албанија. Според Макрон, тоа би било фатална грешка, потврдувајќи го цврстиот став дека двете земји да одат во пакет.

„Прашајте ги утре дали сакаат преговори со Албанија. Половината ќе ви кажат не. Сакаат да отворат со Северна Македонија, тоа е мала земја, го сменија името и тоа е навистина историско постигнување. Таа не ги плаши луѓето. Но реалноста е дека доколку не отворите и со Албанија создавате ужасна траума во регионот. Албанските јазични заедници се насекаде. Доколку ја понижите Албанија, ќе направите трајна дестабилизација на регионот.

Во интервју Макрон и со апокалитични прогнози за НАТО. Вели Алијансата е клиничка мртва, а Европа е на работ од амбисот. Тој е дециден дека Европа мора да почне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила во спротивно нема да може дај а контролира сопствената судбина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1