За јавноста отворен тунелот за бегство под Берлинскиот ѕид


Тунел под Берлинскиот ѕид, кој служел за бегство во Западна Германија, денеска првпат е отворен за јавноста.

Тунелот под улицата Бернауер го отвори градоначалникот на Берлин, Михел Милер, во време кога се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Тој им се заблагодари на оние кои го ископале тунелот долг 100 метри во 1970 година, девет години откако Источна Германија ја затворила својата граница.

Битката за слобода исто така се одвиваше под земја, рече тој.

Тунелот е изграден од група луѓе кои побегнале во западен Берлин.

Тие сакале да им помогнат на пријателите и семејствата да го сторат истото, но, само неколку дена откако тунелот бил завршен, источно-германските власти го откриле и делумно го уништиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1