На новинарско прашање околу случувањата во ОХИС и штетноста на излеаната материја, министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека доколку се помине во близина кадешто е ослободена материјата може да предизвика надрзба на очите и надразба на кожата.
-Се работи за материја поради која доколку се помине во близина може да направи надразба на очите и кожата. Еден пациент беше прегледан во клиниката, му беше дадена соодветна терапија и е пуштен на домашно лекување без сериозни последници, вели Филипче, јавува Сител.
Вели дека материјата има најсилен ефект во моментот на излевање.