Се менува законот за јавни собири, се забранува протестирање во и околу државни институции


Во Собранието на Македонија во процедура се влезени предлог измени на Законот за јавни собири со кои се затегнуваат критериумите за организирање на протест, пренесува Курир.

Владата и Министерството за внатрешни работи преку овие измени дополнително го ограничуваат правото на јавни собири и протести, го ограничуваат времето кога тие би се одржувале, но и ја зголемуваат потребната бројка на граѓани за организирање на ваков тип на собири.

Една од суштинските измени на законот е тоа што се предвидува забрана за организирање на јавни собири пред и околу објектите на државната власт односно пред било која државна институција.

Исто така, овие измени воведуваат дополнително ограничување и утврдување на временскиот период за одржување на мирни и јавни собири и тоа од 6 часот наутро до 23 часот навечер, предуслов кој воопшто не беше пропишан со претходното законско решение.

Уште една од неколкуте измени кои власта се обидува да ги протне е зголемувањето на потребната бројка на граѓани за организирање на мирни и јавни собири од досега пропишаниот минимум од 20 граѓани, на минимум 50 граѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1