Луксуз, лесни пари, жени, живот на ивица – вака ја замислуваме мафијата – барем поголемиот дел од нас. Сепак со овие луѓе нема играчка – убиства, дрога, затвор, постојана трка со полицијата, ова се најопасните мафии на светот. Не сакате да си имате работа со нив…
10) На 10-тото место на оваа топ листа се наоѓаат Јамајканците од Британија. Формирани во 50-тите години. Мафија создадена од Јамајканците кои емигрирале на Британскиот Остров. Оваа мафија е насочена кон продавање на дрога и оружје. Не ретко се користат и со употреба на истото. Но, само поради тоа што се немаат инфилтрирано во правниот систем на Британија, не може да се сметаат за толку влијателни па се на ова 10-то место.
9) 9-то место за Албанската мафија. Голем број на групи и огромна териториална покриеност. Албанија како матична земја, Европа и САД. Меѓу главните во светот за шверц со дрога, бело робје и прочуеното рекетарство, опдносно изнуда на пари. Како главна карактеристика, лесната избувливост и насилството кое го предизвикуваат
8) Уште едни Балканци. 8-мо место за Српската мафија. Шверц на дрога, убиства, коцкање, рекетарство – само како дел од нивната „работа“. Сепак најпрочуени по кражбите ширум Европа, пред се Германија. Земунскиот клан за кој сега се вели дека е мртов – палеше и гасеше имаше околу 30-40 групи
7) Порано една од мафиите кои работеле и ги почитувале правилата на оваа валкана игра – Денеска, не мислат два пати пред да убијат некого. Дилери на дрога и макроа вмешани во меѓународната проституција. Израелците одлично соработуваат со русите, се инфилтрирале во американскиот правен систем и сосема професионално си ја извршуваат својата работа.
6) Најсилната затворска банда можеби во целиот свет. Мексиканците едноставно владеат со затворениците. Штитејќи ги своите муштерии од останатите затвореници па и од затворските стражари, заработуваат одлично. Формирани се во 50-тите години на 20-тиот век. Покрај овој бизнис, на слобода шверцуваат дрога и изнудуваат пари. Бројат околу 30000 членови од кои се претпоставува дека 2000 се намерно зад решетки. Одат до таму што го убиваат оној кој нема да сака да ја плати нивната заштита.
5) Првите кои се појавуваат на оваа листа од Азискиот континент. Во топ 5. Многу опасни. Јапонската Јакуза. Датираат од 17-тиот век. Мафија со традиција. Околу 110000 членови од 2500 семејства. Нецензурирана порнографија, проституција и илегална емиграција. Едни од најдобрите нелегални заштитници на моќниците ширум светот. Често пати членовите на Јакузата се истетовирани по целото тело и без мал прст на раката. Го отстрануваат самите како доказ за верност кон лидерот на групите.
4) На 4-тото место се Кинеските кланови. Главни во Азија. Кражби, изнуда, убиства, проституција, но најпознати по пиратеријата. Кинеската мафија е составена од кланови кои функционираат независно. Еден клан брои од 50 до 30000 членови. Најзастапени на домашен терен, во Азија. Хонг Конг, Малезија, Сингапур, Тајван и нормално Кина. Дефинитивно број еден во ова подрачје, но не и во светот.
3) Светот на дрогата не би бил ист без Колумбиските наркокартели. Формирани се воглавно поради конторола на наркобизнисот. Денеска тоа го прават на еден префинет начин. Преку влијание врз законот. Вмешани се во политиката, воените дејствија и правниот живот на Колумбија. Меделин и Кали картелите се водечките во Колумбија. Сепак картелите беа загрозени со договорот на САД и Колумбија за екстрадиција на нивните членови. Покрај производството и шверцот на дрога, картелите се занимаваат и со голем број на киднапирања и тероризам.
2) Второто место според влијанието, можеби и за најпознатата светска мафиа. Не верувам дека некој нема слушнато за Коза Ностра. Но, деншната Коза Ностра, не е истата со онаа од втората половина на 19-тиот век и почетокот на 20-тиот. Ја носи традицијата со себе, и името. Работат на територијата на САД и на матичната Италија. Најпознати се по тоа како ги вршат големите бизниси неприметно, да ги легализираат, да најдат некоја дупка во законот. Исклучиво работат со навистина крупни бизниси со шверц на оружје и изнуда на пари во замена на заштита.
Специфично за нив е тоа што немаат голем број на членови. Околу 4000 само. Но, нивнаата мрежа на таканаречени соработници е огромна. Интресни се фактите дека секој член на Коза Ностра ја докажува својата вредност убивајќи некој кој едноставно пречел во бизнисот. Втората работа е тоа што секој челен се обврзува на правилото за молчење, односно задолжен е да премолчи се што знае.
1) И како за крај, условно речено…најдобрите. Број еден во светот. Долги години на ова место беа сега веќе вицешампионите. Руската мафија е без сомнение највлијателната, најорганизираната, најсилната. Околу 500000 членови со лажни идентитети, најчесто израелски или германски, ширум светот продаваат дрога, оружје, убиваат, извршуваат терористички акции, работат со проституција, па дури и со човечки органи. Главното правило е дека никогаш не соработуваат со законот. Доколку некој од членовите е фатен, откако ќе излезе, неговите другари го убиваат.
Па сега…размислете уште еднаш…Дали и колку навистина сакате да се дружите со овие момци???