Србија заработила милијарда евра од извоз на софтвер и услуги


Србија во областа на информатичката технологија во 2018 година извезла производи и услуги во вредност од една милијарда евра, што е далеку пред секоја друга индустрија во земјата, изјави Владан Атанасијевиќ, претседател на Управниот одбор на српското информатичко општество (ДИС).

– Нето-билансот е доста поволен во оваа област, затоа што не треба да увезувате 800 или 900 милиони суровини за да извезувате готов производ. Постои цел спектар на услуги што можеме да ги обезбедиме за поддршка на информатичката технологија и на тој начин да се вработат голем број на луѓе – изјави Атанасијевиќ.

– Еден аспект е како правилно да се примени информатичката технологија и преку примена на информатичка технологија да се подигне нивото на образование, информираност и продуктивност. Друг аспект е информатичките технологии да бидате индустриска гранка, да продаваме производи од оваа област и ние како општество да профитираме од тоа – рече Атанасијевиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1