Откако избегна кривична одговорност за дело во кое максималната затворска казна изнесува три години, поранешниот премиер Никола Груевски, може да „куртули“ од одговорност и за случајот познат во јавноста како „Насилство во Општина Центар“, пишува ИРЛ.
Ова ако се земе предвид дека „шамарите за Жерновски“ се судски предмет започнат од СЈО кој трае најдолго, а се уште е без правна разврска.
„Предмет кој во догледно време може да застари е случајот за Општина Центар, Предмет кој е во скратена постапка предвидува скратени рокови а до денес требаше да имаме веќе некаков исход по сите параметри и проценки од досегашното работење на Кривичниот суд“, предупредува Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“.
Обвинети во овој предмет се експремиерот Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште осум лица.