Очув се обидел да силува малолетничка во Кичево


Во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во Кичево очув се обидел да силува малолетничка, додека живеел во вонбрачна заедница со нејзината мајка.

МВР информира дека во Полициска станица Кичево од страна на Центарот за социјални работи во Кичево било пријавено дека 46-годишниот А.А. од село Зајас, кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка, со чија мајка живеел во вонбрачна заедница.

Во координација со Јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1