Измамник шара низ Македонија, „организира“ семинари, конференции, туристички тури


Се претставува како менаџер, како вработен во мобилна компанија и секогаш итно треба да организира некаков настан за кој му требаат туристички водичи, преведувачи, хотели, сценски работници, фотографи, уметници, играорци, издавачи, таксисти, папагали, превозници… Соработниците ги ангажира преку телефон, некои од нив треба итно да му дадат на таксистот од 12.000 до 20.000 денари, па до вечер треба сѐ да се расчисти, кога на местото на настанот доаѓаат сите освен Цветко, Роберт, Дејан, кој и да е овој македонски шампион во измамата. Сите други остануваат со прстот во уста. Филм!

Оваа сторија ја пренесува порталот МКД.МК и во целост можете да ја прочитате на следниот линк МКД.МК а ние ви пренесуваме дел од неа.

Пример број 1:

Ми се јави извесен Павел Марковски, кој го користеше бројот 071 610 150 и се обиде ептен итно да ме ангажира за устен превод за полски во Струмица. Само, затоа што е итна работата, требаше да оставам 19.500 денари во пет-шоп дуќанот „Баки“ во Тафталиџе, каде што извесен Сашо требаше да ги земе парите за некакви папагали за снимање видеоспот. А Павел во Струмица во кеш уште веднаш ќе ми ги врател парите. Откако му реков на тој Сашо да одиме во Комерцијална банка и да ги уплатиме парите на сметка, веднаш го снема. А Павел цело време напнуваше и со јавувања и со пораки на вибер. Во пакет со мене Павел проба да изигра и двајца академски сликари од Скопје, кои требаше да ме возат, а тие демек биле ангажирани за работилници со деца… Цел филм.

Пример број 2:

Ми се јави извесен Дејан. Сакал да ме ангажира за консекутивно толкување, за студенти од Албанија, на семинар за „Дресура на кучиња“. Во рутинските прашања, каде се одвива, колку време ќе треба превод… добивав чудни одговори. „Ќе ве бара дресерот Ристе, па со него заедно ќе патувате за Охрид“. Така и се случи, но по пат Ристе требаше да остави 200 евра на бензинска, па во моментот немаше толку, па остави 100 евра . Стигнавме во Охрид. Го барам Дејан. „Доаѓам за 40 минути“, Чекавме уште 2 часа, почнаа првите сомневања бидејќи никој од нас не го знаеше лично Дејан. Се појави и еден студент, кој исто така беше ограбен со изговор да му остави плик со 50 евра на таксист од автобуска станица. На пликот пишувало – за превод албански-турски. Така на крај на исто место се најдовме петмина што треба да бидат на „семинар“. А не постоеше ниту семинар, ниту Дејан. Пријавив во струшката полиција, од таму добив одговор дека слична измама веќе се случила пред некое време, за некаков семинар во хотел Дрим.

Оваа сторија ја пренесува порталот МКД.МК и во целост можете да ја прочитате на следниот линк МКД.МК

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1