ОФИЦИЈАЛНО: Блерим Река е КАНДИДАТ ЗА МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА КОСОВО!


Поранешниот кандидат за претседател на Република Македонија, Блерим Река е меѓу тројцата кандидати за позицијата министер за надворешни работи на Косово.

Како што известува новинската агенција ИНА, за функцијата шеф на косовската дипломатија Река е предложен од лидерите на партиите на новата Влада на Косово, која е во процес на формирање.

Според пишувањата професорот е доста близок со идниот косовски премиер Албин Курти.

Блерим Река е универзитетски професор по меѓународно право и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори од 2019. Река дипломирал на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац. Во периодот 2006–2010 бил македонски амбасадор во Европската Унија. Река бил декан на факултетот за јавна администрација при универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот универзитет.

Професорот Блерим Река, беше поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, долг период е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа на Универзитетот во Приштина.

Тој беше дел од тимот на експерти кој го напиша нацртот на Уставот на Косово под надзор на Обединетите нации, а до 2001 и основач и претседавач на Уставниот форум на Косово. Во нашиот северен сосед, Река основал невладини организации, публикации и енциклоподии за право, а бил дел и од бордот на директори на Косовската радиотелевизија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1