Шејла Ровел проговорила за своето страдање, откако нејзината 21- годишна ќерка отишла да си легне во кревет поради главоболка, а не сфатила дека добила смртоносен облик на менангистис.
Џесика се вратила дома од фестивал на кој била со пријателите и претпоставила дека не се чувствува добро бидејќи претерала со забавата.
Студентката заспала, но никогаш повеќе не се разбудила, утрото мајката влегла во собата да ја разбуди но ја затекнала најстрашната глетка за еден родител – нејзината ќерка била мртва.
„Дознавме за болеста после обдукцијата. Пред тоа немавме поим што се случило. Прашувавме дали имала излив, срцев удар.. Никој од нас не може да верува дека ја нема“ рекла мајката.
По обдукцијата им кажале дека починала од менингитис, но никој од семејството не забележал дека има симптоми и дека боледува од менингитис.
Раните симптоми на менингитис и септикемија може да вклучуваат треска, главоболка, повраќање, болка во мускулите и ладни раце и нозе.
Симптомите може брзо да се влошат, а во најлоши случаеви се умира во рок од неколку часа.
Поради тоа Шејла ја споделува својата тажна судбина, сакајќи да ја подигне свеста за оваа опасна и тивка болест.