Полицијата со детали за несреќата во која загина Буштур


МВР денеска со детали за страшната несреќа во која вчера загина Благоја Георгиевски.

Во 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“, во близина на крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски таблички, управувано од 70-годишниот Б.Г. од Скопје, удрило во бетонска жардињера.

Во незгодата на местото на настанот починал возачот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1