Во Италија прв кој се зарази од коронавирусот е мажот на кој му е познато само името, станува збор за 38-годишниот Матија, кој поради респираторните проблеми бил хоспитализиран на одделението на интензивна нега во Кодоња, а во моментов се наоѓа во болницата Сан Матео, 35 килоемтри јужно од Милано.
Тоа го соопштил портпаролот на италијанската цивилна заштита и додал дека и неговата бремена сопруга исто така е позитивна на коронавирус и дека е хоспитализирана, но дека нејзината состојба не е загрижувачка, пренесува Си-Ен-Ен.
Досега во светот од коронавирус починаа 2.763 лица, а заболеа, а се заразија скоро 80.000 лица.