Ова е втор протест пред Владата во последните три дена кој се организира како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со отворените прашања со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Заев поради како што велат антимакедонски политики и прифаќањена услови од Софија кои значат бришење на македонската историја и идентитет.
Со возила или пешки граѓаните тргнуваа од две страни, спортските сали Борис Трајковски и Јане Сандански, а завршија пред Владата.
,,Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна.Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик.
Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.
За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!,, се вели во повикот на ВМРО ДПМНЕ