Бугарско обвинителство: Имало три туби кои не се запалиле


Бугарското обвинителство води истрага и во тек се распити поврзани со автобуската несреќа близу Боснек.

„До овој момент нема ниту еден очевидец, а по медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме, за истрагата до овој момент. Направен а распит на двајца патници кои се во болница, кои дадоа релевантни информации, и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот, тие биле живи.

Работиме со најдобрите можни авто-техничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-технички експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа, ќе одат во Скопје, каде ќе побараат меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите, за да се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, кажаа од бугарското обвинителство.

Според нив, за тубите со гориво за кои се зборува во јавноста, може да се каже дека биле празни и дека веројатно не се причината поради која дошло до оваа несреќа.

Бугарското обвинителство засега се сомнева на човечка грешка, предизвикана поради лошата сигнализација и изведба на патот токму на таа делница, но истрагата не е готова и продолжува понатаму, со цел да се разјасни големата трагедија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1