Русија засега нема да испрати војници во Источна Украина. Но одлука може да се смени порача шефот на руската дипломатија.
Наредбата да се испратат војници во Доњецк и Луганск за да како што тврди Кремљ извршуваат мировни фунцкии претседателот Путин ја издал доцна синоќа отккао претходно ги призна двата отцепени региона на Украина како независни држави, одлука која во Доњецк и Луганск беше дочекана со огномети. Денеска рускиот претседател изјави дека нема намера да ја обнови руската империја.
-Веќе ги предвидовме шпекулациите дека Русија планира да ја возобнови својата империја во империјалните граници. Ова е аосолутно неточно. По колапсот на СССР, Русија комплетно ја прифати новата гео-политичка реалност. Како што знаете активно работиме да ги зајакнеме нашите односи со сите земји и независни држави кои излегоа од пост-советскиот простор, изјави Путин.
Дејствијата на Русија се напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Верувам дека нема да има војна со Русија, изјави украинскиот претседател, но предупреди дека Украина ќе биде подготвена доколку ескалира руската воена агресија врз неговата земја.
Потегот на Путин наиде на жестоки реакции од Западот и испровоцира санкции. Првиот удар стигна од Германија – го запре процесот на одобрување на гасоводот Северен поток 2 кој требаше да пренесува гас од Русија. Британија воведе санкции кон пет руски банки и три лица блиски до Путин, Вашингтон забрани инвестиции и финансирања од американските бизниси во отцепените региони од Украина.
Пакет санцкии подготви и ЕУ, налик на оние од 2014-та година по анексијата на Крим. Ние сме наквинати на санцкии вели руското раководство и потенцираше дека Русија ќе продолжи без прекин да ги снабдува светските пазари на природен гас.
Русија го црта патот за почеток на поголема воена операција во Украина, рече американската амабсадорка во ОН.
Западот без срам ја вооружува Украина и го турка Киев во вооружени провокации против Донбас, возврати рускиот амабсадор во ОН. Истакна дека Русија останува отворена за дипломатија.
Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск во границите кои постоеле кога тие ја прогласија својата автономија во 2014 година. Украинските сили подоцна повратиле големи делови од двете области за време на речиси осумгодишниот воен конфликт, во кој загинале 14. 000 луѓе. Ова го вклучува и црноморскиот пристаништен град Мариупол.
Русија ги повика и останатите земји да го следат нејзниот пример и да ја признаат независносната на Доњецк и Луганск. Сирија прва се одзва на повикот.