Русија: Цел на нападите не се украинските градови и цивилите


Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите, пренесе новинската агенција РИА

Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“.

Штабот додаде дека нема слетувања на руски војници во пристанишниот град Одеса.

Украина претходно соопшти дека најмалку осум лица загинале, а девет се ранети во руското гранатирање.

Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина во четвртокот изјави дека нивната главна цел е да ја вратат контролата во регионите Луганск и Доњецк каде се наоѓаат отцепените територии, пренесе новинската агенција Интерфакс.

„Операцијата за ослободување ќе заврши прилично наскоро“, вети таканаречениот лидер на Народна Република Доњецк, неколку часа откако Русија започна инвазија на Украина за да ја поддржи независноста на украинските региони Доњецк и Луганск под контрола на проруските бунтовници.

„Можам да кажам дека наскоро ќе заврши“, рече Денис Пушилин, истакнувајќи дека воениот потфат е во полна сила и дека сите градови и села во регионот „наскоро ќе бидат ослободени“.

Сепаратистите во Украина соопштија дека ги зазеле малите градови Луганск и Шчастија, додека властите во Киев потврдуваат дека проруските сили напреднале на територијата контролирана од владините сили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1