Откако Русија ја започна инвазијата на Украина, многу жители на Киев одлучија да го напуштат главниот град. Додека детонациите и сирените одекнуваа низ градот, реки од автомобили со околу 2,8 милиони луѓе течат кон излезот на градот. Преполни се и железничките станици. Дури и Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот парламент, е снимен како заминува од Киев со неговото семејство.
Long Queues to the gas stations near #Kyiv.
For some reason civilians are not willing to welcome russian soldiers with flowers#Ukraine #Russia #WorldWarThree #war #Putin pic.twitter.com/h2QhQNC0wJ
— Ruslan Bes (@ruslanbes) February 24, 2022
Русија ја нападна Украина среде состанок на Советот за безбедност на ОН
Соединетите држави и другите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ја осудија одлуката на рускиот претседател да ја нападне Украина на седницата на 15-членото тело во Њујорк.
-Токму во моментот кога се собравме на состанокот на Советот за безбедност обидувајќи се да најдеме мирно решение, Путин ја донесе одлуката за војната, изразувајќи презир кон Советот. Ова е тешка и итна ситуација – изјави американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд.
До овој момент се знае дека седум лица загинале во бомбардирањето на руските сили, според информациите на украинската полиција. Официјални лица соопштија дека шест лица загинале, а седум се ранети во напад на воена единица во Подилск, во близина на Одеса. Исчезнати се и 19 лица. Едно лице загинало во градот Мариупол, додаваат тие.