Траги на рацете кои ги откриваат скриените болести


Секоја лузна и пега имаат некоја своја историја, но појавата на истите на рацете можат да ни октријат и некоја длабока приказна. Гледајќи во нашите раце и прсти, можеме да ги откриеме раните знаци на опасните болести.

„Некогаш било вообичаено лекарите да погледнат во рацете за да ги увидат траговите кои се важни за целото здравје“, вели ендокринологот од Њутн Масачусетс, Кенет Бланшар.

„Ние мораме да се вратиме на оваа пракса, затоа што рацете можат да ни откријат на хромоналните промени и да ни откријат како можеме да се заштитиме од истите“, додава Кенет.

Седум важни симптоми кои можат да се најдат на рацете.

1. Црвени дланки

Црвените дланки би можеле да бидат последица од фаќање на тешки фрлени топки, работа во градинарството, или пак од држење на жешки предмети. Но, доколку подолг период дланката ја задржува црвената боја, тоа може да биде знак на заболување на црниот дроб, како и негово замастување. Ова може да биде исклучок само ако сте бремена, (односно црвенилото е нормална појава поради зголемениот проток на крвта, што е особено карактеристично кај повеќето жени).

Зошто?

Воспалението на црниот дроб постепено почнува да влијае на црниот дроб, така што истиот не може ефикасно да ги отстрани отровите од телото. Резултатот е вишок на хормони, што предизвикува ширење на крвните садови во рацете и нозете. Доколку имате други симптоми на заболен црн дроб кои вклучуваат отоци на нозете и стомакот, истакнати вени на трупот, зголемен абдомен и замор, посетете го вашиот матичен лекар. Побарајте тестови на вашиот црн дроб.

2. Должина на прстите

Кај мажите средниот прст е подолг отколку показалецот, додека кај жените е спротивно. Кај оние жени пак кои имаат слична ситуација како кај мажите, имаат двапати поголема шанса да добијат остеоартритис, покажува една студија објавена во 2008 година во списаието Артритис и реума.
Студијата покажала дека  остеоартритис, е почеста појава кај мажите и жените со подолги прсти, но ефектот е најизразен кај жените.
Подолгите прсти пак од друга страна е поврзан со зголемувањето на ризикот од рак на дојките кај жените и со помал ризик од рак на простата кај мажите.

Зошто?

Научниците не се сигурни, но веруваат дека должината на прстите се поврзани со изложеноста на различните количини на хормонот тестостеронот и естрогенот во матката. Подолгиот среден прст укажува на изложеност на тестостерон, додека подолгиот показалец поголема изложеност на естроген.
Бидејќи естрогенот е „гориво“ за рак на дојката, подолгиот показалец е во колерација со поголемиот ризик од ракот на дојката. Кај мажите, зголемувањето на тестостеронот е поврзан со зголемен процент на рак на простата.
Што се однесува до остеоартритисот, научниците немаат јасно објаснување, но сметаат дека тоа може да има поврзаност со начинот на кој што хормоните влијаат на растот на коските.

3. Отечени прсти

Ако сте излегле од авион, или пак автобус, отокот е сосема нормална реакција. Тоа може да биде последица поради топлината, менструалниот циклус или пак превисокото количество на конзумација на сол. Но, доколку вашите прсти се дебели и цврсти, а прстенот не ви одговара повеќе, и покрај тоа што претходно со денови сте пиеле многу течности и сте го намалиле количеството на конзумација на сол, отокот може да укажува на хипотиреоза.

Зошто?

Кога тироидната активност е послаба, таа произведува помалку важни хормони кои го регулираат метаболизмот. И кога вашиот метаболизам се успорува, тоа обично резултира со зголемување на телесната тежина и задржување на водата.
„Еден од првите симптоми е вишокот на вода во прстите“, вели ендокринологот Кенет Бланшар, кој ја напишал книгата „Што вашиот доктор не може да ви каже за хипотироидизам.

Што да направите? Побарајте рутински тестови за штитната жлезда.

4. Бледи нокти

Под нормални околности, доколку нежно го притиснете ноктот, крвта ќе се повлече и ќе се појави розова боја. Во случај вашите нокти да останат бели и по една минута по притискањето, тоа може да биде знак на анемија.

Зошто?

Анемијата или недостатокот на железо предизвикува бледило кај ноктите, бидејќи нема доволни црвени крвни зрнца кои кружат низ крвотокот. Со текот на времето недостатокот на железо може да доведе до дебели нокти.

Што да сторите?

Анемијата или недостатокот на железото, може да доведе до замор и во потешки случаи дури и до проблеми на срцето. Вашиот доктор може да препорача да конзумирате храна богато со железо, како што се црвеното месо, спанаќот, зеленчукот, ореви и други работи. Доколку вашиот лекар препорача таблети, пожелно е да ги избегнувате оние кои што спречуваат запек.

5. Ситните црвени ленти под ноктите

Тие изгледаат како мали црвени или кафеави остатоци под ноктите. Тоа се области на крвавење што може да се сигнал за инфекција на срцето или крвта.

Зошто?

Ова мало крварење се јавува кога малите крвни згрутчувања го спречуваат протокот на крвта во капиларите под ноктите (и прстите). Истите најчесто се јавуваат поради инфекција на срцевиот мускул. Се јавува кај луѓето со срцева маана или некои други компликации. Доколку имате само неколку црвени дамки под ноктите, а никогаш сте немале проблеми со срцето, во тој случај не паничете. Најверојатно се појавиле од некои други причини, некои ситни повреди.

Измерете ја температурата. Имено, бактерискиот ендокардитис обично е пропратена со мала грозница. Ако никогаш не сте ја испитале работата на срцето, а сте загрижени поради ваквите симптоми, договорете преглед. Меѓута доколку срцето одлично ви работи, најверојатно се работи за некоја инфекција, почекајте малку да видите дали црвените линии ќе се повлечат.

6. Дебели заоблени прсти

Ова може да биде знак на заболување на срцето и плуќата.

Што може да направите?

Доколку имате потешкотии со дишењето или имате хронична кашлица, тогаш најверојатно станува збор за замор или пак болка во градите. Побарајте преглед на срцето и плуќата.

7. Сини прсти

Сиво-сините прсти и губењето на чуството може да биде знак за пореметена циркулација. Се појавуваат привремени грчеви во крвните садови и артериите, намалување на циркулацијата на крвта. Симптомите покажуваат ладни раце и се помалку чувствителни. Ова ги погодува од 5 до 10 % луѓето од машката популација. Почесто се појавува кај жените, а ситуацијата се влошува во постудениот период.

Што може да направите?

Избегнувајте нагли промени на температурата како што се земањето на коцки мраз од фрижидерот. Носете ракавици во студениот период, затоа што студеното време е една од главните двигатели на болеста. Важно е да не се игнорираат симптомите, бидејќи со текот на времето ваквите напади можат да ја ограничат циркулацијата и да предизвикаат оштетување на ткивото. Исфрлете ги цигарите и кофеинот, кои предизвикуваат смалување на крвните садови. Аеробните вежби можат да помогнат во забрзување на работата на срцето, кое што ќе предизвика зголемен проток на крвта во рацете.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1