Израел го нападна Катар, убиен е главниот преговарач на Хамас


Неколку есплозии одекнаа во Доха, Катар. Густ чад се гледаше над катарската населба во главниот град на Катар. Жител на Доха за „Ал Арабија на англиски (Al Arabiya Englis)“ изјави дека слушнал најмалку пет експлозии.

Експлозиите во катарската престолнина Доха се последица на израелски напад насочен кон високи функционери на Хамас.

Според првичните информации до кои дојде „Ал Арабија“, во израелскиот напад во Катар е убиен главниот преговарач на Хамас Калил ал-Хаџа. Засега не е познат вкупниот број на настрадани или ранети во нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извеле напад „насочен на високото раководство“ на Хамас.

Израелската војска (ИДФ) изјави дека палестинските цивили во сите области на градот Газа мора веднаш да се евакуираат пред голема копнена офанзива против Хамас во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Предупредувањето ја означува првата општа наредба за евакуација на целата област на градот Газа. Претходните предупредувања издадени од израелската војска во последните денови се однесуваа само на одредени згради и на областа околу нив.

„ИДФ е решена да го победи Хамас и ќе дејствува во областа на градот Газа со голема сила, исто како што правеше низ целиот Појас“, објави на Икс полковникот Авичаи Адреи, портпарол на ИДФ, на арапски јазик.

На Палестинците им беше наредено да се упатат кон хуманитарна зона одредена од Израел во јужниот дел на Појасот Газа преку крајбрежниот пат.

Папата Лав денес изрази загриженост за последиците од израелскиот напад врз Катар, додавајќи дека веста за нападот врз раководството на Хамас е многу сериозна.

„Целата ситуација е многу сериозна. Не знаеме како ќе се одвиваат работите“, рече тој, објави Ројтерс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1