НОВО ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ – Прва корекција на 1 октомври


Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат линеарно од 1 октомври.

Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7.000 денари по пензионер, што ги надминува оние 5.000 што ги зборувавме за време на кампањата – рече Мицкоски.

Премиерот денеска ја посети Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1