Обвинителството во Тирана, во соработка со Евројуст, ја разоткри најголемата мрежа на проституција досега во Албанија, во која се уапсени 19 лица, од кои девет се Албанци и 10 од Колумбија, а по уште три лица е издадена потерница.
Во соопштението до медиумите, обвинителството наведува дека се приведени и под истрага се и 48 жени од различни националности.
„Лицето Лукас Бетанкур (25), уапсено во Колумбија, бил организатор на групата и имал главна улога во регрутирањето девојки од земји на Латинска Америка и организирањето на нивното патување и сместување во Албанија, каде што потоа биле принудувани на проституција. Двојките биле насилно држани а на нивните семејства им се заканувал доколку девојките се обидат да заминат, стои во соопштенето на Обвинителстото.
Албанскиот државјанин Дритан Сукај бил главниот во управувањето со мрежата во Тирана, Асел Адришева и Кејвин Ндреу биле тутори на неколку девојки од Казахстан, додека Денис Бериша, член на групата, ги дрогирал девојките и им наоѓал клиенти.
„Собраните средства од оваа активност лицето К.П., ги инвестирало во криптовалути на сметката на Лукас Бетанкур кој е уапсен во Колумбија. Активноста била спроведена во хотелот на Илир Гугаши, кој се наоѓа на улицата „Решит Чолаку“ во Тирана, се наведува во соопштето.









