Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по неполн месец од стапување на функцијата


Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати.

Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција ДПА.

Како резултат на тоа, се појавија шпекулации за можно повлекување на конзервативците од коалицијата со центристичкиот табор на Макрон, кој нема парламентарно мнозинство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1