Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и кандидат за уште еден мандат прогласи победа во првиот круг од денешните локални избори.
„Народе мој, прогласувам победа во првиот изборен круг! Ви благодарам на довербата, никогаш нема да ве изневерам!“ – објави тој на фејсбук.
Според досегашните резултати на ДИК, Стефковски е со убедлива предност пред противкандидатот од СДСМ – Влатко Митовски.









