Трамп: САД ќе управуваат со Венецуела додека не се обезбеди „безбедна транзиција“


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат Венецуела по апсењето на лидерот Николас Мадуро.

„Ќе ја водиме земјата сè додека нема безбедна, правилна и разумна транзиција на власта. Не сакаме некој друг да се вмеша и да ја има истата ситуација што ја имаме со години. Затоа ние ќе ја водиме земјата“, рече Трамп на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида.

Трамп не даде временска рамка за тоа колку долго би можела да трае таквата транзиција на власта. Тој рече дека ова ќе вклучува влез на американски нафтени компании во таа земја.

„Ќе ги натераме нашите многу големи американски нафтени компании, најголемите во светот, да дојдат во Венецуела, да инвестираат милијарди долари, да ја поправат лошо оштетената инфраструктура – особено нафтена инфраструктура – и да почнат да генерираат приходи за земјата“, рече Трамп.

Трамп го наведе она што смета дека се грешки и злосторствата на Николас Мадуро.

„Мадуро никогаш повеќе нема да може да му се заканува на ниту еден американски граѓанин или на никого од Венецуела. Нема да има повеќе закани“, рече Трамп.

Тој тврди дека владата на Мадуро „ги испразнила своите затвори и ги испратила најлошите и најнасилни чудовишта во Соединетите Американски Држави за да одземат американски животи“.

„Ова беа дилери на дрога. Ова беа нарко-босови. Тие го испратија најлошото во Соединетите Американски Држави, но нема да има повеќе“, рече Трамп.

Тој, исто така, ги повтори своите тврдења дека Венецуела „украла“ американска нафта, наведувајќи дека американските компании ја изградиле венецуелската нафтена индустрија.

„Сите овие дејствија беа грубо кршење на основните принципи на американската надворешна политика, кои датираат повеќе од два века, сè до Монроовата доктрина. На некој начин, го заборавивме тоа. Беше многу важно, но го занемаривме. Според нашата нова стратегија за национална безбедност, американската доминација на Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде оспорена. Ја враќаме американската моќ на многу моќен начин во нашиот матичен регион“, рече тој.

Доналд Трамп рече дека неговиот државен секретар, Марко Рубио, денес разговарал со потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, и додаде дека таа се согласила да соработува со САД.

Американскиот претседател рече дека веќе положила заклетва како претседател.

„Таа е, претпоставувам, претседателката. Имаше долг разговор со Марко и рече дека ќе направиме што треба. Немаше избор“, рече Трамп за Родригез.

Во одговор на новинарски прашања Трамп рече дека военото присуство во Венецуела ќе биде само во врска со средувањето на нафтената индустрија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1