ДОЖД, СНЕГ И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Пристигнува ладен бран


Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат, а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови значително ќе опаѓаат и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира ЈП „Македонијапат“ во својот последен извештај.

Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец кон Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има слаби врнежи од снег измешан со дожд. И покрај временските услови, сите патни правци во државата се проодни.

Од „Македонијапат“ предупредуваат дека на одредени делници, особено на патиштата кои минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони, поради што се апелира на зголемена внимателност кај возачите.

Јавното претпријатие апелира до сите учесници во сообраќајот да управуваат внимателно со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и брзината на движење да ја прилагодат на условите на патот.

„Дежурните екипи на ЈП ‘Македонијапат’ се постојано на терен и интензивно работат на одржување на сите патни правци проодни“, информираат од претпријатието.

За подетални информации, граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02/2561-502. Извештајот е објавен од Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“ во 20:30

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1