Укинување на техничката влада, но со консензус


По цели три часа разговори на лидерската средба која ја иницираше премиерот Христијан Мицкоски, а на која празно остана столчето за СДСМ, нема постигнато конкретни договори. Според информациите што ги добивме на самиот почеток биле отворени прашањата од реформската агенда, како и потребата од обезбедување на бадентерово мнозинство за изборот на Народниот правобранител како и двотретинското мнозинство за законот Сејф сити системот за што било истакнато дека во најскоро време треба да се најде решение за да може од први февруари да започне да функционира. Главен фокус беше укинувањето на техничката влада за што Мицкоски смета дека треба да се укине, но за тоа сепак нема консензус.

„Ако од опозициската СДСМ мислат дека за следните избори е потребна техничка влада, во ред, нека биде за следните, но барем од тие потоа кој и да победи на следните избори да нема повеќе техничка влада“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски ја оцени лидерската средба како плодна дискусија и дебата која во одредена мерка била полна со предлози и идеи, а за голем дел од прашањата што се отвориле присутните имале исто мислење.

– За мене е важно што сите чинители оценија дека средбата била конструктивна. За мене како организатор тоа претставува задоволство затоа што македонската јавност можеше да види едно зрело, конструктивно однесување на политичарите. Предложив вакви средби да се случуваат почесто. Предложив и беше прифатено дебатата по неколку прашања да продолжи во рамките на Собранието на ниво на координатори на пратенички групи. Убеден сум дека за сите отворени прашања за кои е потребна итност во деновите кои следат ќе се најде решение и ќе бидат надминати. За мене акутно е и за кое треба во најскоро време да се најде решение, а мислам дека денеска и успеавме да најдеме своевиден компромис, е Законот за прекршоци за да може Сејф сити да почне да функционира од 1 февруари. За овој закон е потребно двотретинско монзинство, не е потребно Бадентерово мнозинство – рече Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1