Тројца полицајци од Кочани беа прогласени за виновни во случајот во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.
На Кире Богатинов и на Горан Лазаров, Судот им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков условна казна од две години.Тоа значи дека обвинетите нема да одат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во период од четири години.
Судот за пресудата рече дека ги ценел како олеснителни околности тоа што обвинетите претходно не биле осудувани, што биле семејни луѓе, и тоа што нивните дејствија не резултирале со непосредни штетни последици што би се довеле во директна причинско-последична врска со пожарот во „Пулс“.










