КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ НОВИОТ МОСТ И ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ Ѓорѓиевски објави видео


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави нов мост и кружен тек меѓу Сарај и Ѓорче Петров, кои ќе создадат нов, современ влез во Скопје.

Тој вчера објави дека е донесен ребалнсот на буџетот на Градот со кој е предвидена изградба на нов мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај.

За овој проект во Развојната програма се предвидени 420 милиони денари. Целта е со новата инфраструктура да се создаде и нов влез во Скопје.

„На последната седница на Советот на Град Скопје, со ребалансот на Буџетот обезбедивме средства за реализација на еден исклучително значаен капитален проект – изградба на нов мост и кружен тек што ќе ја поврзат Општина Сарај со Ѓорче Петров и ќе создадат нов, современ влез во главниот град. Со оваа инвестиција ќе обезбедиме ново и директно сообраќајно поврзување меѓу Сарај и Ѓорче Петров, полесно и побезбедно движење, подобра сообраќајна поврзаност и нова развојна перспектива за целиот западен дел на Скопје“, објави Ѓорѓиевски.

Проектот предвидува кружен тек со две сообраќајни ленти и челичен мост со должина од 110 метри. Вкупната должина на новото булеварско решение, заедно со кружниот тек и мостот, изнесува 1.172 метри. Од двете страни ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки, како и тактилни патеки за слепите и слабовидните лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1