Директорот на затворот во Шутка поднел оставка


Директорот на затворот „Шутка“, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Оставката е доставена до Владата, а како мотив Утковски навел „лични причини“.

Информацијата ја потврдија и од Владата, посочувајќи дека оставката на Утковски наскоро ќе се најде пред министрите.

„Директорот на КПУ Затвор ‘Скопје-Скопје’ во Шутка, Бобан Утковски, има поднесено оставка до Владата, која ќе биде предмет на разгледување на една од наредните седници. Во оставката е наведено дека причина за поднесувањето се лични причини“, соопштија од Владата.

Нема потврда кој ќе дојде на неговото место. Од Владата најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана штом се донесе одлука за именување нов прв човек на затворот во Шутка.

Tags:

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1