Предложените измени на Законот за животната средина во Собранието предизвикаа остри реакции кај граѓанските организации и опозицијата. Критичарите предупредуваат дека со бришењето на клучните еколошки механизми и олеснувањето на условите за тешка индустрија во близина на населени места се загрозува здравјето на граѓаните и се отвара врата за профит на крупниот капитал.
Според „Зелен хуман град“, со измените се предлага бришење на членовиод Законот, кои се однесуваат на идентификација, управување и санација на контаминирани подрачја и предупредуваат дека на овој начин ослабуваат механизмите за заштита од загадување и ќе имаат сериозни последици врз животната средина и здравјето на луѓето.
Со измените на Законот за животна средина бришат клучни одредби за заштита на природата
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на денешната собраниска седница побара да се тргнат од дневен ред скандалозните измени на Законот за животната средина, со кои повторно се отвора можноста за рестартирање на тешка загадувачка индустрија во населени места.
Предложени измени на Законот добија по 8 гласа ЗА во комисијата за европски прашања и во законодавно-правната комисија. Пратениците од комисиите го квалификуваа законот како „прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ“ и препорачаа „да се даде на натамошно читање“.








