Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.
Веста за неговата смрт ја објави порталот „Рома Прес“, од каде што упатија сочувство и се простија од познатиот политички претставник на ромската заедница.
Ибраимовски долги години беше на челото на ПЦЕР и активен чинител на македонската политичка сцена.
Во текот на својата кариера, покрај министерската и пратеничката функција, извршуваше и директорски должности во јавниот сектор.
Неговиот ангажман беше препознатлив по борбата за застапување на интересите, правата и подобрување на положбата на Ромите во државата.
„Денес нè напушти човек кој остави свој белег во политиката“, се наведува во мислењето споделено во прошталната порака на „Рома Прес“.








