Во септември 2026 година, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави законско решение што ќе овозможи докупување најмногу 24 месеци пензиски стаж. Станува збор за најавено законско решение кое треба да ја помине законската процердура за да биде усвоено.
Сепак според информациите и според најавениот модел, мерката би била наменета за граѓани кои:
Имаат најмалку 13 години остварен пензиски стаж.
Ја достигнале законската возраст за старосна пензија – 62 години за жени и 64 години за мажи.
Не се активни осигуреници.
Немаат доволно стаж за исполнување на законскиот минимум од 15 години.
Со ова решение, лицата што имаат 13 или 14 години стаж би можеле да ги уплатат придонесите за месеците што им недостигаат и да стекнат право на старосна пензија.
Според информациите изнесени при најавувањето на мерката, придонесите за докупување би се пресметувале врз основица што изнесува 50% од просечната плата од претходната година. Конечната цена ќе зависи од усвоеното законско решение, основицата за пресметка и бројот на месеци што му недостигаат на конкретното лице.








