Оние кои се занимаваат со креативни професии почесто се лекувани од психички заболувања, најмногу лица кои во својот живот се занимаваат со пишување, покажуваат резултатите од шведската студија на Каролинскиот институт во Стокхолм.
Се испитувале 1,2 милиони пациенти и нивните роднини.
На извесни лица им недостига „филтер“ кои ги штити од многуте информации – тие лица се покреативни но и понаклонети кон психички заболувања.
Научниците велат психичките заболувања – биполарните болести – се почести кај лица со уметнички или научни професии, како, на пример, танчери, истражувачи, фотографи и писатели.
писателите имаат голем ризик и за самоубиства.