Операторите на Британската национална лотарија во јуни соопштија дека е извлечена добивка вредна 78 милиони евра. Но никој не се јавил да ја подигне наградата.
Жителите на англиските градови Стивендиж и соседниот Хичин, во округот на Херфордшир на големо ги прекопуваат нивите, ги пречешлуваат парковите и го пребаруваат секој сантиметар на улиците и патиштата за да го пронајдат тикетот вреден 64 милиони британски фунти, односно 78 милиони евра.
Се започнало јуни годинава, кога операторите на Британската национална лотарија издале соопштение дека добитничкиот тикет е купен од округот Хертфордшир, но никој не се јавил.
Од тогаш поминале шест месеци и се верува дека добитникот не ни знае дека е добитник, поради што или го изгубил ливчето или го фрлил верувајќи дека нема шанси да ја добие нејвредната премија во историјата на британската лотарија.
Време, меѓутоа истекува и за него и за сите останати утре од 23 часот ќе отчука и последната секнуда, и доколку во тој момент никој не дојде да ги подигне парите, износот никогаш нема да биде исплатен.
Доколку се појави, освен основната награда ќе добие и 645,000 фунти на сметка на камата. Од тие пари луѓето пресметувале дека би можел да купи 339 куќи во Стивениџ, или повеќе од два милиони шишиња шампањско.
Операторот на државната лотарија вели дека се уште не е доцна.
„Во 2009 година, добитникот подигна награда од 2,5 милиони фунти непосредно пред истекот на рокот“, вели тој.
Можеби ваквата тактика на добитникот е поради каматата. Не е лошо да се земе уште половина милион. На крајот не бадијала се вели дека трпението се исплати, а мирната вода го рони брегот.
Миа