Двајца Британци основале компанија и решиле да заработуваат праќајќи спам пораки до милион емаил адреси и мобилни телефони во име на своите клиенти.
Судот во Британија одлучил дека се виновни и ќе мора да платат оштета од околу 500.000 евра.
Британците пратиле повеќе од 800.000 смс пораки, а оствариле профит од околу 8.000 евра дневно.
Сепак не се осудени поради спам пораките туку затоа што во дел од нив ги мамеле примачите дека може да заработат 4.000 евра преку осигурување од незгода, некој и наседнале а според судот тие се виновни зошто ги поттикнувале граѓаните, а и учествувале во измама на осигурнителните компании.